УСЛУГИ
Теоретска настава во групи и индивидуална настава
Теоретска настава во групи и индивидуална настава
Теоретската настава е прилагодена согласно најновите Законски регулативи. Предавањата се изведуваат од страна на високо квалификуван предавач по теоретска настава со долгогодишно работно искуство во областа на сообраќајот. Наставата се изведува во групи согласно програмата во термини прилагодени спрема кандидатите во предпладневните термини и после ручек после 18 часот. Освен теоретска настава во групи секој кандидат во нашата авто школа може да посетува и индивидулни часови, се со цел да се изврши проверка на знаењето на кандидатот пред полагање на теоретскиот дел-тест.
Квалитетна практична обука со искусни возачи-инструктори
Квалитетна практична обука со искусни возачи-инструктори
Практичниот дел од возачкиот испит се спроведува на нови современи моторни возила со возачи-инструктори со долгогодишно работно искуство кои на многу едноставен и лесен начин го спроведуваат оспособувањето согласно програмата превидена со Правилникот за начинот на работа на автошколите и ЗБПС.
Вештачење на сообраќајни незгоди и супер вештачења
Дооел Старс Инженеринг - Авто школа, Подружница Сообраќајни вештачења располага со стручен кадар, лиценцирани вешти лица од областа на сообраќајот, кои со својата стручност и знаење изработуваат експертизи и судски вештачења од областа на сообраќајот.

Вешти лица со долгогодишно работно искуство, со постојано присуство на Меѓународни стручни советувања, симпозиуми, стручни расправи од областа на вештачења на сообраќајни незгоди, со презентирање и на сопствени трудови ги унапредуваат своите знаења и се имаат стекнато со голем број на сертификати не, само кај нас туку и во земјите во регионот.

Освен Вештачење на сообраќајните незгоди вршиме и друг вид на услуги како што се :
  • услуга на стручен советник,
  • Проценка на материјна штета на моторни возила,
  • Присуство на лице место на случување на сообраќајна незгода,
  • Изработка на супервештачења.