ЗА НАС

За нас

Авто школата “СТАРС Инженериг“ со оспособување на кандидати за возачи започна во април 1993година во Охрид.

Како автошкола со долгогодишно работно искуство имаме единствена цел, кандидатите да се стекнат со потребното знаење и вештини за успешно полагање на возачкиот испит, како и правилно ракување со возилата на моторен погон за безбедно учество во сообраќајот.

На секој кандидат во просториите на авто школата му овозможуваме на компјутери да се подготвува за теоретскиот дел-тестот, на тој начин на брз и лесен начин може да го положи теоретскиот дел-тестот.

Оспособувањето на кандидати се врши со нови и современи возила, со постојано внимание и практични совети на нашите инструктори за да го совладаме секој сегмент за управување со моторното возило. Во текот на обуката инструкторите го поврзуваат теоретското знаење од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата со практична примена на истото.

Кандидатот вежба полигонско паркирање, градско возење и напредни техники за возење во посебни ситуации како и советување на кандидатите како можат да го положат возачкиот испит.

Ви посакуваме во нашата авто школа лесно и брзо да ги совладате возачките вештини да бидете добри и безбедни возачи!

Задоволен и добро обучен кандидат е најдобрата реклама што можеме да ја имаме.

Ако сакате некој да ви го направи вашето возачко искуство побезбедно, поекономично и позабавно, тогаш АШ "СТАРС Инженеринг" е вистинскиот избор.
 

Активности на автошколата

АВТО ШКОЛАТА “СТАРС ИНЖИНЕРИНГ“ со своето долгогодишно работно искуство освен што врши оспособување на кандидати за возачи, активно зема учество и во развивање на сообраќајна култура во сообраќајот се со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот на сите учесници во сообраќајот.
По повод Европска неделна на мобилност Автошколата на сите Општински Основни училишта им додели комплет слики со вертикална и хоризонтална сигнализација за едукација на децата учесници во сообраќајот
По повод денот на велосипед (03.06) АШ организираше награден ликовен конкус на кој на најдобрите млади уметници им додели награди, оваа манифестација традиционално ќе се одржува секоја година
По повод Светскиот ден на култура промовира брошура за поголема безбедност на пешаците и правила кои треба да ги знаат овие учесници во сообраќајот
м-р Соња Д.Шикалоска дип.сообр.инжУправител и Предавач
Возач-инструктор од “А1, А2, А, Б, Б+Е, Ц1, Ц, Ц1+Е, Ц+Е, Д1, Д, Д1+Е и Д+Е“-категорија
Учество на семинари

Вешти лица од областа на сообраќајот

  • м-р Соња Шикалоска
  • Зоран Шикалоски - дипл. сообр. инж.
Филип Шикалоски
Возач-инструктор од “А1, А2, А, Б, Б+Е, Ц1, Ц, Ц1+Е, Ц+Е, Д1, Д, Д1+Е и Д+Е“-категорија
Христијан Шикалоски
Возач-инструктор од “А1, А2, А, Б, Б+Е, Ц1, Ц, Ц1+Е, Ц+Е, Д1, Д, Д1+Е и Д+Е“-категорија
Љупчо Цветкоски
Возач-инструктор од “Б“-категорија
Слаѓана Србиноска
Возач-инструктор од “Б“-категорија
Милена Савеска
Возач-инструктор од “Б“-категорија
Никола Стеваноски
Возач-инструктор од “Б“-категорија
Викторија Ѓореска Шикоска
Возач-инструктор од “Б“-категорија
Бојан Данаиловски
Возач-инструктор од “Б “-категорија

25 години успешната приказна на авто школата „Старс Инженеринг“ продолжува

Голем број охриѓани, сега вешти возачи, своите почетоци и први знаења за управувањето со возило ги стекнале во охридската Авто школа „Старс Инженеринг“.

Отворена меѓу првите приватни школи во Охрид и регионот, во 1993 година од м-р Соња Д. Шикалоска, две и пол децении бележи тренд на постојан развој и успех.
Се надградувавме, проширувавме, возниот парк се прошири и се обнови. Се додадоа нови категории, се зглемуваше бројот на вработени. Но, она што е примарно за нас, гледаме да надвладее знаењето и квалитетот на возачите, бидејќи тоа е и наш успех.

Јубилејот, 25 години работење на „Старс Инженеринг“ се одбележа на 21.04.2018година, со пригодна свеченост во присуство на голем број пријатели, деловни партнери и гости.
Се надградувавме, проширувавме, возниот парк се прошири и се обнови. Се додадоа нови категории, се зглемуваше бројот на вработени. Но, она што е примарно за нас, гледаме да надвладее знаењето и квалитетот на возачите, бидејќи тоа е и наш успех.

Јубилејот, 25 години работење на „Старс Инженеринг“ се одбележа на 21.04.2018година, со пригодна свеченост во присуство на голем број пријатели, деловни партнери и гости.