Кодекс на однесување на возач кој управува возило со право на првенство на минување

1. Секогаш ќе го одржувам возилото во технички исправна состојба, чисто, уредно со чисти ветробрански стакла и проветрена кабина од возилото.
 
2. Возилото со право на право на минување, никогаш нема да го управувам ни со најмала количина на алкохол и психо-опојни лекарства, затоа што знам дека и најмала количина од овие средства во голема мера ја намалова способноста на возачот.
 
3. Никогаш нема да ги управувам возилата кога сум уморен, поспан и болен. Бидејќи знам дека управување вакво возило особено на подолги релации бара поголема концентрација, смиреност и вештина при управувањето.
 
4. Управувајќи со возило со право на првенство на минување, целосно сум запознаен со сообраќајните правила и прописи за учество во сообраќај со ове возила за безбедно учество во сообраќајот.
 
5. Целосно сум запознаен со патната инфраструктура во градот во кој живеам, работам и пошироко, постојано ги следам времените режими на сообраќај и измените во истиот за да можам да го избегнам сообраќајниот метеж и на брз и безбеден начин на стигнам до целта.
 
6. Движењето на крстосници, ќе го прилагодам  согласно законските регулативи пропишани за движење на овие возила, без да го загрозувам или попречувам движењето на останатите учесници во сообраќај, на дел од крстосници каде мора да ја почитувам поставената сигнализација, особено движењето на возилата под придружба кога со посебните уреди давааат светлосни и звучни знаци.
 
7. Ќе го прилагодам движењето на возилото со кое управувам со вклучени светлосни и звучни знаци, особено на дел од патот каде густината на сообраќајот и поставената сигнализација го забавуваат движењето на возилото, пред се да сум смирен и коректен возач, за да можам да го скратам времето  на интервенција и безбедно да стигнам до целта.
 
8. Ќе се движам со возилото, на доволно и безбедно растојание од останатите учесници во сообраќајот.
 
9. Дејствието престигнување, ќе го изведувам само на дел од патот каде ваквото дејствие е дозволено, согласно законските регулативи и доколку условите дозволуваат на безбеден начин да извршам престигнување на колона на возила. Престигнувањето ќе го изведувам со постојано следење на ретровизор на доволно и безбедно растојание од останатите учесници во сообраќајот, за да  можам на сигурен и безбеден начин да се вратам на десната собраќајна лента.
 
10. Како возач на возило со право на првенство на минување, потребно е да бидам психофизички и стручно подготвен, но и да бидам крајно професионален и смирен за ургентните состојби, за цело време да ги следам постапките на останатите учесници во сообраќајот и да се потрудам да ги прочитам нивните намери, како би можел благовремено правилно и сигурно да реагирам.

Поврзани блог статии