Авто школа "Старс" - 25 години придонес за безбедноста во сообраќајот

Авто школата “СТАРС Инженериг“ доби признание за 25 години придонес за безбедноста на сообраќајот.

Авто Школата во изминативе години континуирано изведува теоретска настава во групи и индивидуална настава, квалитетна практична обука со возачи-инструктори со долгогодишно работно искуство.

Единствена Авто школа во градот со најголем број вработени возачи-инструктори жени кои успешно ги извршуваат своите работни задачи во улога на возачи-инструктори во спроведување на теоретската и практичната настава.

Како авто школа со долгогодишно работно искуство имаме единствена цел да создадеме добро обучени возачи, односно нашите кандидати да се стекнат со потребното знаење и вештини за успешно полагање на возачкиот испит, правилно ракување со возилата на моторен погон и безбедно учество во сообраќајот. 

 

Поврзани блог статии